Насловна / Вести / Пролетно освежување на софтверите на „Autodesk“ – внимателно анализирајте ги сопствените потреби!

Пролетно освежување на софтверите на „Autodesk“ – внимателно анализирајте ги сопствените потреби!

tehnologii (3)

Ве потсетувам дека, вообичаено, на крајот на првиот квартал секоја година, „Autodesk“ започнува со објавување на новите верзии од своето богато софтверско портфолио. Не постојат официјално публикувани податоци, но лесно може да се заклучи дека AutoCAD е веројатно најпопуларниот инженерски софтвер во земјава. Ако објавата на нова верзија на AutoCAD, сама по себе не буди некој посебен интерес кај професионалците во земјава, тогаш во комбинација со најавите за укинување на временски неограничените лиценци и очекувањето годинава да биде претставен нов dwg фајл формат, сепак е нешто што треба сериозно да нè заинтересира.tehnologii (2)

Како што беше објавено пред извесно време, „Autodesk“ планира од февруари 2016 година да ги укине временски ограничените (односно трајните) лиценци. Корисниците би се претплатувале на софтверите што ги користат на месечно, квартално или годишно ниво, секогаш добивајќи ги најновите верзии. Ваквиот план на „Autodesk“, очекувано ги „разбуди духовите“. Новиот начин на лиценцирање директно влијае на плановите за набавка и одржување на софтверите.tehnologii (5)

Незадоволство се гледа кај поединци и компании, изразено во вид на интернет-дискусии, кои сметаат дека им е прилично ограничен просторот за користење на софтверите, дека се приморани секоја година да користат нови верзии, дека ќе мораат повеќе да плаќаат за софтверот итн. Од другата страна се корисниците што во оваа новина, пред сè, гледаат флексибилност и можност за намалување на ризиците. Им се допаѓа фактот што ќе можат да платат онолку колку што ќе го користат софтверот. tehnologii (6)

Згора на тоа, за корисниците на ЛТ (упростените) верзии на софтверите, се дадени популарни цени за претплата. На пример, годишната претплата на AutoCAD LT е околу 360 евра по компјутер. Оние што сметаат дека новиот начин на лиценцирање ќе им биде понеповолен од купувањето на трајна лиценца, веројатно треба веднаш casino online да почнат да размислуваат да купат таква додека не изминала годината. Но моја препорака е да се стрпат уште малку, сè додека не излезе новиот AutoCAD 2016.

Причина за тоа е што AutoCAD 2016 треба да донесе нов фајл формат dwg 2016. На тој начин корисниците ќе се осигураат дека со нивниот софтвер ќе можат да ги отвораат сите dwg фајлови во наредните три години. Имено, „Autodesk“, како според некое непишано правило, исфрла нов фајл формат на секои три години. Сетете се само, имавме нови dwg фајл формати во AutoCAD 2004, па 2007, 2010 и 2013. Од таа причина, можеме да очекуваме дека и овогодишната нова верзија ќе ни донесе и нов фајл формат dwg 2016. Компатибилноста на софтверите што ги поседуваме со новите фајл формати е секако корисна работа, но не секогаш е пресудна за корисниците да се решат да купат или да ги обноват постојните софтвери.  Можеби некој би се одлучил да набави трајна лиценца од AutoCAD сега додека е тоа можно, со цел да ја користи во наредните 10-15 години и да нема трошоци за софтвер на годишно ниво.

tehnologii (4)

Да бидеме реални, во Македонија сè уште се користат верзии на AutoCAD од пред 10-15 години, како што се верзиите започнувајќи од AutoCAD 2002 до AutoCAD 2006, така што паѓа во вода тврдењето дека софтверите застаруваат (стануваат бескорисни) по три-пет години. Како и да е, сега е моментот за калкулации. Препорачувам внимателна анализа на сопствените потреби, се разбира доколку тие подразбираат користење на софтвер на „Autodesk“.tehnologii

Ако претпоставиме дека цените за AutoCAD LT 2016 и за AutoCAD 2016 на македонскиот пазар ќе бидат исти со цените за AutoCAD LT 2015 и за AutoCAD 2015, понудени за членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, тогаш трајните лиценци би чинеле околу 688 евра за LT и 2.280 евра за комплетната верзија по компјутер, со вклучен данок. Претплатите пак, според цените дадени на онлајн продавницата на „Autodesk“ (http://store.autodesk.eu) би чинеле:

Продукт

Тип на претплата

Трајна лиценца

Месечна

Годишна

AutoCAD LT

45,00 €

360,00 €

688,00 €

AutoCAD

240,00 €

1.910,00 €

2.280,00 €

*сите цени се дадени без вклучен ДДВ

Голема е веројатноста во моментот кога ќе го читате овој текст, AutoCAD 2016 веќе да е објавен. Во овој момент не може да се открие ништо околу тоа што ќе понуди новата верзија во однос на претходната. Новините и изгледот на новите верзии на софтверите на „Autodesk“ се секогаш добро чувана тајна. Никакви информации не протекуваат во јавност сè до официјалното објавување на софтверите. Од тие причини, сè што „протекува“ на Интернет, а се однесува на AutoCAD 2016, се смета за шпекулација. Ви препорачувам да ги следите настаните врзани со оваа тема и понатаму со внимание. Пролетните освежувања на софтверите на „Autodesk“ се пред нас.

Испрати коментар

Scroll To Top