Насловна / Вести / Изградба на „Интерконтинентал“ со пет ѕвезди во Белград

Изградба на „Интерконтинентал“ со пет ѕвезди во Белград

interkontinental beograd

– Тендерот за наоѓање изведувач за изградба на нов хотел со пет ѕвездички „Интерконтинентал Белград“ е подготвен и само се чека градежна дозвола за објектот – изјавил генералниот директор на Хотелот и деловниот простор на Delta Real Estate, Живорад Васиќ, а пренесоа српските медиуми.

– Вредноста на инвестицијата е помеѓу 35 и 40 милиони евра, со исклучок на земјиштето за кое „Делта холдинг“ претходно платило 35 милиони евра.

Хотелот ќе биде изграден во Нов Белград, зад зградата на „Делта холдинг“, и ќе има 220 соби од околу 40 квадратни метри, спа центар, голема банкет сала и четири помали конференциски сали.

– Се е подготвено за тендер, имаме потпишано договор со „Интерконтинентал груп“ и само се чека на градот Белград да издаде дозвола за изградба на овој хотел, за што имаме ветување дека наскоро ќе се случи“, изјави Васиќ, додавајќи дека од добивањето на дозволата зависи почетокот на градежните работи.

Тој очекува дека и „Сава центар“, како конгресен центар, наскоро ќе биде реновиран, затоа што Белград има добри услови за развој на овој вид туризам.

Испрати коментар

Scroll To Top