Насловна / Вести / Професорскиот пленум бара конкретни одговори од ректорот на УКИМ

Професорскиот пленум бара конкретни одговори од ректорот на УКИМ

Професорскиот пленум бара свикување на итна седница на Сенатот на која ректорот треба да даде одговори на повеќе прашања поврзани со актуелната криза настаната по одлуката да се градат зградите на ФИНКИ и ДИВ во кампусот на УКИМ.професорски пленум

Во соопштението на Професорскиот пленум се вели:

Бараме свикување итна, вонредна ЈАВНА седница на Сенатот, најдоцна до среда 23.12.2015, со присуство на претставници на Студентскиот пленум, M.O. „МУГРА“, Професорскиот пленум и медиумите, со следните точки на Дневен ред:

Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови;

Дали имало официјален повик и кој го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14.12.2015 година;

Информација за процедурата и правната основа за започнатите градежни активности во рамките на Кампусот за општествено-хуманистички науки.

Сметаме дека Ваша должност и одговорност е да превземете активности во насока на решавање на конфликтната ситуација на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Испрати коментар

Scroll To Top