Насловна / Вести / Скопјани протестираа против загадувањето: Нема воздух, нема мир!

Скопјани протестираа против загадувањето: Нема воздух, нема мир!

Неколку стотина граѓани протестираа пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, односно пред просториите на Град Скопје, во Градски парк, и бараа сериозни, брзи и конкретни мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје.протести  во скопје за загадување

„Нашето здравје не е играчка за да си играте со него“, „Вие и вашите деца дишете друг воздух?“, „Стоп смог сега“, „Имате ли план?“ и „Не се дише“, се само дел од паролите со кои граѓаните побараа решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град.

Организаторите на овој протест, повеќе граѓански иницијативи и невладини организатори побараа да сопре сечата на дрвата во Скопје, јавниот превоз во овој период да биде субвенциониран, бесплатен, да се забрани возењето на возилата кои се без повисоки еко стандарди, да се проверат сите филтри во сите фабрики во Скопје, веднаш да почне гасификацијата на Скопје, бесплатна енергија за социјално загрозените во грејна сезона и итно запирање на сите градежни работи.

Невладините организации најавија дека протестите ќе продолжат и во Скопје и во другите градови во Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top