Насловна / Вести / Масовен протест во Тетово поради загадениот воздух

Масовен протест во Тетово поради загадениот воздух

Бројот на Тетовци коишто излегуваат на улица за да побараат почист воздух и да ги натераат институциите да си ја работат својата работа станува се поголем.

Протестот денеска го организираат движењата „Еко герила“ и „Мајка и дете“, револтирани од катастрофалната еколошка состојба во градот.тетово протести

„Нема правда нема мир“ , „Сакаме воздух, не не трујте“, извикуваат граѓани, ученици и активисти кои околу 13 часот се собраа на плоштадот „Илирија“.

„Нашиот град исчезнува, нашите граѓани се по болниците, на нашите животи им доаѓа крај. Оваа состојба не се толерира. Ова труење не се трпи!“, порачаа активистите од најзагадениот градови во земјава.

Тетовските градски власти од вчера донесоа одлука за прекин на наставата во градинките, основните и средните училишта поради аерозагадувањето. Според одлуката, која беше донесена по бојкотот и протест на дел од учениците,  наставате нема да се одржува до крај на полугодието.

Испрати коментар

Scroll To Top