Насловна / Вести / Проектот „Го сакам ГТЦ“ на конференција „Урбани култури на крстопати“ во Дубровник

Проектот „Го сакам ГТЦ“ на конференција „Урбани култури на крстопати“ во Дубровник

dubrovnik go sakam gtc

Во наредните три дена (14-16 септември) уметникот Филип Јовановски, историчарот на уметност Никола Писарев и кураторката Ивана Васева гостуваат во Дубровник во рамки интернационалната конференција „Урбани култури на крстопати“ во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник каде претставуваат неколку свои проекти.

Филип Јовановски и Никола Писарев денес (14 септември, понеделник) имаат излагање насловено „Го сакам Градскиот трговски центар (ГТЦ)“: проект за зачувување на автентичната архитектура на ГТЦ“ во рамки на конференцијата „Урбани култури на крстопати“ во Интеруниверзитетскиот центар во Дубровник.

Ова е прво интернационално претставување на активистичките дејствувања околу Градскиот трговски центар во Скопје обединети околу Иницијативата „Го сакам ГТЦ“, надвор од македонскиот контекст.

Ивана Васева и Филип Јовановски пак во среда (16 септември) имаат презентација и јавен разговор на нивната заедничка работа насловена „Сликата избледе во ништавилото – уметничка продукција од перспектива на ништавилото“ во Уметничката работилница.

Гостувањето е резултат на неколкугодишната соработка на организацијата „Факултет за работи што не се учат“ од Битола/Скопје со организацијата „Фрлачи на сенки“ (Bacači Sjenki) од Загреб и формираната платформа „Урбано зуење“ (Urban Hum) кои се коорганизатори на конференцијата заедно со Универзитетот Chulalongkorn во Банкок, Универзитетот во Дубровник и Универзитетот во Осло.

Испрати коментар

Scroll To Top