Насловна / Вести / Изложба на фотографии на Дарко Мораитов во МКЦ

Изложба на фотографии на Дарко Мораитов во МКЦ

Darko_Moraitov_Paradox

Утре (15 септември), во 20.30 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии со наслов „Парадокс“ од македонскиот фотограф Дарко Мораитов.

На отворањето на изложбата ќе се обрати рецензентот и филмски критичар, Влатко Галевски.

Својата рецензија кон изложбата „Парадокс“ Влатко Галевски ја отвора со ’дефинирање‘ на терминот парадокс – „еден навидум неприфатлив заклучок кој произлегува од навидум прифатлива премиса, по пат на навидум прифатлив заклучок“.

Во продолжение Галевски додава: „Парадоксите на Мораитов не се просторни, туку временски. Затоа можат да се ’дефинираат‘ како ’мината иднина‘, како духовен и церебрален баланс на противречности. Иницијалниот футуризам во мотивите на Мораитов не е во функција на конечно раскинување со минатото, туку делува како допир на традицијата и побуната, како спој на помнењето и идејата. Мисла без парадокс е како љубовник без страст, фотографија без парадокс е како фригидна метреса“.

Изложбата „Парадокс“ од Дарко Мораитов во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде поставена до 2 октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top