Насловна / Вести / Важно е навремено вклучување во преговорите за климата

Важно е навремено вклучување во преговорите за климата

LOGO-PARIS-CLIMAT-B

Како домаќин на претстојната глобална конференција за климатските промени, која кон крајот на годинава ќе се одржи во Париз, Франција настојува многу порано да ја поттикне расправата за климатските прашања, со цел конференцијата да заврши со постигнување договор за овие мошне чувствителни и важни прашања.

Министерот за заштита на животната средина на Франција, Сеголен Ројал, изјави дека шефовите на држави и влади треба многу повеќе да се вклучат во преговорите за климата. Министерот за надворешни работи Лоран Фабиус, истакна дека политичарите не треба да се вклучуваат во решавањето на проблемите за климатските промени во последен час, бидејќи се работи за многу комплексен и важен проблем. Тој додава дека ваквото однесување било еден од клучните проблеми за неуспехот на претходната конференција во Копенхаген.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top