Насловна / Вести / Проектирана за Марс, подготвeна за Земјата – речиси неуништлива безвоздушна гума

Проектирана за Марс, подготвeна за Земјата – речиси неуништлива безвоздушна гума

Дали е оправдано гумата да се нарекува „гума“ доколку е изработена претежно од метал? Одговорот на ова прашање ќе мора да причека бидејќи номенклатурата е веројатно најмалку релевантна во моментот кога светот полека се простува од пневматиците. Имено, неколку прототипови на безвоздушни гуми веќе ја здогледаа светлоста на денот, а сега и NASA го претстави своето револуционерно откритие, кое според нив е „одржливо и еколошко решение“. Приказната за металните тркала започнува со вселенските експедиции. Со цел NASA да не се најде во ситуација да пукне гума на екстремните терени на Месечината или Марс, било неопходно да се проектира речиси неуништлива гума, која би била подеднакво еластична и ефикасна како оние кои денес ги користиме. Годините поминати во истражување, довеле до т.н „паметна гума“ која е составена од метална пена. Оваа гума не содржи воздух и може да трае колку и самото возило. Таа значително го намалува отпадот кој го генерираат потрошените пневматици. Паметните гуми се лесни, издржливи, едноставни, безбедни, и имаат широка примена – од велосипеди и автомобили, до градежни машини и авиони.

tyre1

tyres3

Стартап компанијата The SMART Tire Company неуморно работи на комерцијализација на овој производ, бидејќи како што истакнуваат на својот сајт – за примена на паметната гума нема ограничувања. Под слоганот “Проектирана за Марс, подготвена за Земјата“, компанијата веќе објавила дека прототипот за велосипеди, под името METL, веќе е подготвен за комерцијална употреба.

tyre2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top