Насловна / Арт и дизајн / Пријавете се на натпреварот Млади балкански дизајнери

Пријавете се на натпреварот Млади балкански дизајнери

Културното здружение Миксер од Белград, со поддршка на NUNC, производител на мебел од Славонија, Хрватска започнува специјално издание на натпревар на регионалната платформа Млади балкански дизајнери, со што се отвора единствена можност за оние кои се заинтересирани да се приклучат на NUNC во нивната мисија за реинтерпретирање на регионалната традиција и култура во иновативни и препознатливи производи на современиот дизајн.

NUNC (што значи: сега) на светската дизајнерска сцена стапи во 2019 година на саемот за мебел во Келн и оттогаш расте и ги освојува меѓународните пазари. Духовитиот и освежувачки пристап кон дизајнот на секојдневните предмети е резултат на соработката со нови дизајнери од целиот регион, од кои многумина дебитирале на регионалната и меѓународната сцена токму преку платформата Young Balkan Designers.

јд

Меѓународното жири ќе ги избере најинспиративните дела што ќе бидат изложени на изложбата YBD за NUNC на Шумарскиот факултет за време на меѓународниот саем за мебел во Белград, каде што тимот за развој на производи на Nunc ќе избере проекти што компанијата ќе ги развие во вистински производи и потоа ќе ги презентира на светска публика на реномираниот Меѓународен саем за мебел во Милано.

Конкурсот ги поканува младите дизајнери кои сакаат да истражуваат нови функции на мебел и простори за области кои се преклопуваат помеѓу секојдневните светови: дом, работа, училиште, јавни простори, забава, интимни и заеднички зони, урбани и рурални средини и статични и подвижни искуства. Пријавените проекти треба да им понудат на своите корисници повеќе функции и искуства, да поддржуваат различни животни сценарија, хибридни и номадски модели на работа, да овозможат лесно создавање на „трети простори“, трансформација на секое место во соба за игри или неформално образование и многу повеќе. Младите дизајнери се охрабруваат да смислат нови или да ги преиспитаат своите постоечки дизајнерски идеи, земајќи ја предвид можноста за наизменични, хибридни функции на парчиња мебел, модуларни системи или други услужни објекти, од перспектива на различни корисници (возрасни, деца, различни родови, постари лица, лица со попреченост итн.), во различни временски сценарија (ноќ, ден, сезонски итн.), во наизменични средини и социјални контексти (на отворено, затворено, приватно, јавно) итн.

јд1

Жирито високо ќе ги вреднува иновативните карактеристики на проектот кои го подобруваат квалитетот на секојдневниот живот; способност да одговори на потребите на различни корисници; мултифункционалност; потенцијалот за кружност на производот или неговите елементи; ергономија; рационални трошоци за производство и транспорт; иновативна употреба на локално достапни материјали; имплементација на локални знаења и техники; еколошки производствен процес, иновативна употреба на рециклирани материјали; релевантност за локалните/глобалните еколошки и општествени предизвици.

Реномираното меѓународно жири го сочинуваат: Marva Griffin, основач и куратор на платформата за таленти Salone Satellite на Меѓународниот саем за мебел во Милано; индустриската дизајнерка Henriëtte Waal, професорка на Академијата за дизајн во Ајндховен и директорка на експериментални истражувања во Atelier Luma во Арл; индустрискиот дизајнер Никола Радељковиќ од колективот Numen/For Use; едукаторката Јелена Матиќ, дизајнер на мебел и професор на Шумарскиот факултет на Универзитетот во Белград; и Маја Лалиќ, архитект и основач на здружението Миксер.

Заинтересираните можат да ги пријават своите проекти онлајн до 27 септември (23:59 часот) на ybd.mikser.rs/form. Добитниците ќе бидат објавени на 2. октомври на веб-страницата ybd.mikser.rs.

Сите информации за натпреварот побарајте ги тука.

Испрати коментар

Scroll To Top