Насловна / Архитектура / Како изгледа споменик на конструктивизмот по реставрација, Москва

Како изгледа споменик на конструктивизмот по реставрација, Москва

Од 1925 до 1935 година во Москва биле изградени 12 фабрики за леб. Применети се и напредни технологии, на пример, кружни фабрики за леб со прстенест транспортер кој го проектирал инженерот Георгиј Марсаков. Системот се засновал на кружна фабричка трака со кој процесот на печење леб е автоматизиран, а лебот се движел во круг по фази, спуштајќи се низ кружен ланец на транспортери, одозгора надоле.

3

Првиот проект на Марсаков е реализиран во 1931 година на улицата Ходинскаја во Москва, а бил означен со реден број 5. Функционирал се до почетокот на 2000-тите. Благодарение на Марсаков советските пекари стекнале харизматична и препознатлива кружна форма на производната зграда.

2

Волуменот на кулата со скали поставени на двете страни му даваат на цилиндерот посебна експресивност. Прилагодениот правоаголен дел од објектот содржел помошни простории – овој волумен добил декориран венец, украсен со натпис „1931“, изработен со фонт типичен за тоа време.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Денес, зградата на пекарата бр. 5 има статус на културно наследство од регионално значење и претставува центар на композицијата на новиот мултифункционален станбен кварт. Зградата на пекарата е внимателно сочувана и добила нова функција како културно-образовен центар.

7

Работите на реставрација и адаптација на објектот започнале 2018 година. Проектот за реставрација на фасадата е изработен од Државното претпријатие ГУП ЦКР. Додека архитектите од бирото „Спич“ работеле на ентериерите на просторите на пекарата бр. 5, внимателно идентификувјќи ги и конзервирајќи ги сите сочувани оригинални елементи на внатрешната декорација во форма во која биле денес. Со други зборови, реставрацијата ги забележала апсолутно сите слоеви на времето, правејќи ги предмет на изложување, не само оригиналната конструктивистичка архитектура на зградата, туку и нејзината трансформација под влијание на процесот на работа, како и промените кои се случувале низ епохите и кои ги правеле и сопствениците.

04

На пример, во просторот на првиот кат на некогашниот објект за производство може да се видат „оригиналните“ ѕидови од тули, на некои места дополнети со варова тула во 1990-тите, и бетонскиот таван со неговите бројни „закрпи“. А горното ниво го задржало барабанот на поранешниот транспортер и дрвениот таван – сега е обоен во бело со еднослоен премаз , што овозможува да се открие и нагласи текстурата на дрвото и во исто време да се обезбеди визуелно единство на просторот, кој денес служи како сала за предавања и проекции.

0 05

Оваа зграда е вистински споменик на советскиот конструктивизам.

Денес во овој културно – образовен центар е сместен и центар за проучување на конструктивизмот, прв од ваков вид во Русија.

5

Центарот го добил името „Зотов“ во чест на Василиј Зотов, министер за прехранбена индустрија на СССР, кој пред таа позиција бил обичен пекар и кој организирал масовна изградба на фабрики за леб во Москва.

4 6 01 8 02

Испрати коментар

Scroll To Top