Насловна / Вести / Пријава за учество – Ајде заедно на зелена авантура!

Пријава за учество – Ајде заедно на зелена авантура!

Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина „ECO – LOGIC”, организира настан – Ајде заедно на зелена авантура!

На 7 мај (среда) од 13:00 до 15:00 часот, заинтересираните ги носат на едно инспиративно дружење во Отворена Градска Лабораторија при СУГС „Марија Кири Склодовска“ – Скопје. Ќе може да се  види како од органски отпад се прават паста за заби, оцет, креми, еко амбалажа… и уште многу креативни и корисни работи.

Освен што ќе се запознае искусен и иновативен тим, ќе се поразговара и за тоа што можеме сите ние да направиме дома за да живееме поодржливо.

Места се ограничени – претходна пријава е задолжителна.

Пријави се тука > https://shorturl.at/JkAqB

📞 076-669-565

Испрати коментар

Scroll To Top