Насловна / Вести / Кинеско село, пример за енергетска трансформација

Кинеско село, пример за енергетска трансформација

На 1.200 метри надморска височина, во кинеската покраина Хубеи, се наоѓа селото Туџенци – некогаш изолирано, а денес пример за енергетска револуција во руралните области. Тоа е едно од четирите села во кои компанијата State Grid Hubei Electric Power ја демонстрира приената на зелената енергија.

Во септември 2020 година, Кина ги претстави своите цели за постигнување на јаглеродна неутралност. Имено, планира најдоцна до 2030 година, да го запре растот на емисии на гасови со ефект на стаклена градина и да го сврти тој тренд, па во рок од 30 години да ги сведе на нула. Стручњаците сметаат дека руралните подрачја ќе имаат клучна улога во остварувањето на таа цел. Во март 2023, Кина стартува со иницијатива која става акцент на пилот проекти за руралните подрачја. Истата година, своите пилот проекти ги започнува и компанијата State Grid Hubei Electric Power, и тоа во четири села, со цел во нив да обезбеди стабилно снабдување со чиста енергија, ефикасно користење на ресурсите и развој на зелена индустрија.

Во селото Туџенци речиси секој покрив има фотоволтаици, а инсталирани се и бројни ветерни турбини. Капацитетот на фотоволтаиците може да обезбеди непречено напојување на целото цело во текот на еден ден. Покрај енергијата од Сонце и ветер, и отпадот е дел од решението. Биомасата од фармите се претвора во биогас за производство на електрична енергија. Остатоците од овој процес на биодигестија се користат како ѓубриво за земјоделството. Значењето на оваа енергетска трансформација се рефлектира и во развојот на екотуризмот. Само во текот на традиционалниот априлски фестивал, ова село го посетиле 50.000 луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top