Насловна / Ентериери / Пријатна спална соба со ретро дизајн

Пријатна спална соба со ретро дизајн

Спалните соби претставуваат еден од најважните простори во еден дом. Просторот во кој се опуштаме, одмараме и релаксираме секогаш мора да ни дава огромна доза на комодитет. Токму поради ова дизајнерите даваат голема важност на овие простории.

1-spalna-soba

Оваа спална соба во својот дизајн користи ретро материјали како полна тула и ретро предмети кои одлично се вклопени во ентериерот.

2-spalna-soba

Покрај тулата, тука се вградени и материјали како дрво, метал и жица со што се формира одлична композиција на материјали.

3-spalna-soba

Како еден од главните и најинтересни елементи се старите куфери, кои наредени еден врз друг формираат одличен елемент од ентериерот кој служи како тоалетна масичка.

4-spalna-soba

Исто така, интересни елементи се и фотелјата заедно со ламбата, металната полица и интересниот тепих.

5-spalna-soba

6-spalna-soba

 

Испрати коментар

Scroll To Top