Насловна / Арт и дизајн / Претставен е официјалниот постер за „Ролан Гарос 2023“

Претставен е официјалниот постер за „Ролан Гарос 2023“

Секоја година, почнувајќи од 1980, француската тениска федерација поканува еден уметник со задача да подготви официјален постер за грен слем тенискиот турнир „Ролан Гарос“. Оваа година таа привилегија ја доби францускиот млад уметник Maxime Verdier. Тој го потпишува 44-тиот постер на овој турнир.

affiche1

Постерот има навистина поетски пристап, насловен е „Земја на ѕвездите“ (Terre d’étoiles), и карактеристичен е по тоа што е целосно изработен со дрвени боички. Оваа техника дополнително ја зајакнува меката и сонлива атмосфера. Преку ова дело, уметникот го претставува новиот терен  Philippe-Chatrier облеан во ореол светлина од ѕвездената ноќ од тениски топчиња. Но, тој исто така остава многу простор за имагинација со цел да им овозможи на сите љубители на тенисот да го направат овој постер свој. Од младата тенисерка која играјќи во својот клуб сонува за „Ролан Гарос“ до  играчот на турнирот кој сонува да го подигне пехарот Suzanne-Lenglen,  многу работи се прикажани во една слика….Maxime Verdier, е роден во 1991 година во Диеп во Нормандија, а дипломирал на Високата национална школа за ликовна уметност во Париз ( l’École nationale supérieure des Beaux-arts de Paris).

Maxime Verdier, Affiche Roland Garros 2023, Photo : Amelie Laurin / FFT

Испрати коментар

Scroll To Top