Насловна / Вести / Потпишан билaтерален договор со Швајцарската Влада за водоснабдување на Делчево

Потпишан билaтерален договор со Швајцарската Влада за водоснабдување на Делчево

Од Министерството за животна средина и просторно планирање сопштуваат дека денеска министерот Садула Дураки, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, директорот на ЈПКД Брегалница Розета Цонева и Н.Е. Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија денес потпишаа Билатерален договор за доделување на техничка и финансиска помош за проектот „Водоснабдување на Делчево”. Со потпишување на овој билатерален договор помеѓу Владата на Република Македонија претставувана од Министерство за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација претставувана од Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (SECO), официјално започна реализација на проектот со кој на жителите на Делчево ќе им се обезбеди пристап до поквалитетна вода за пиење и ќе се подобри квалитетот на водата од реката Брегалница.
Договорот предвидува реализацијата на проектот да се спроведува во две фази: првата фаза е финансиска и техничка помош за системот за водоснабдување во Делчево, а втората фаза е третман на отпадни води во Делчево.

2
Со реализација на зафатите предвидени со проектот ќе се обезбеди: подобрен квалитет на водата за пиење, унапреден систем за водоснабдување во општина Делчево со прифатлива цена на чинење, зајакнати капацитети за финансиско и оперативно управување на јавното претпријатие Брегалница во Делчево и подобрено управување со водните ресурси во Делчево како поддршка на адаптацијата кон климатските промени .
Во рамките на инфраструктурните инвестиции предвидена е изградба на пречистителна станица за вода, продолжување на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија, а во декот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој во Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“.
Овие зафати ќе чинат околу 7,3 милиони швајцарски франци, од кои приближно 1,3 милиони се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Делчево.
Според зборовите на министерот Садула Дураки со овој проект не само што ќе им се обезбеди на жителите на Делчево пристап до поквалитетна вода за пиење со што ќе се подобрат и условите за живеење, ќе се заштитат водите од реката Брегалница и ќе се придонесе кон економскиот развој на регионот во целост, туку ќе ѝ се помогне на Македонија да одговори на директивите на ЕУ за пречистување на водата за пиење.

Испрати коментар

Scroll To Top