Насловна / Вести / Потенцијалот на обновливи извори на енергија сè уште неискористен

Потенцијалот на обновливи извори на енергија сè уште неискористен

forum energetski obnovlivi izvori

Инвеститорите во капацитети за обновливи извори на енергија да се посветат само на реализирање на проектите без да губат време на административните процедури. Тоа наместо нив да го спроведува државата, сугерира вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Пешевски на денешниот форум во Стопанската комора нагласи дека потенцијалот во овој сегмент сè уште не е доволно искористен иако државата изминативе години стори многу, особено од аспект на регулативата и процедурите. Владата е заинтерсирана за сите добри предлози, најмногу за оние што во практика гарантираат позитивни стапки на поврат на капитал.

forum energetski obnovlivi izvori1
Според претседателот на Групацијата за обновливи извори на енергија Кочо Анѓушев, во Македонија досега за ваков тип капацитети се вложени 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони се реализирани.

– Во Македонија изминатите години се инсталирани над 40 мегавати хидроенергија (мали хидроелектрани), 36 мегавати ветерни електрани и над 15 мегавати фотоволтаици. Во градба се уште околу 50 мегавати мали хидроелектрани или вкупно 130 мегавати моќност, што е скоро колку „Света Петка“ и „Козјак“ заедно, – рече Анѓушев.

Испрати коментар

Scroll To Top