Насловна / Вести / Изградбата на првата турска нуклеарка пролонгирана за три години

Изградбата на првата турска нуклеарка пролонгирана за три години

Atomska centrala rosatom

Првата турска нуклеарна централа најверојатно нема да биде пуштена во употреба пред 2022 година, иако првично беше планирано таа да стане оперативна најдоцна до 2019 година, соопштија високи официјални претставници во Анкара.

Пролонгирањето на изградбата на централата во јужниот турски град Акуј, според истите извори, се должи на доцнењето на стартот за реализација на проектот.

– Првиот реактор може да биде пуштен во погон најмалку седум години по почетокот на неговата изградба. Оттаму рокот до 2019 година, не може да биде исполнет, – изјави неименуван висок претставник на турскиот енергетски сектор.

Турција пред неколку години покрена амбициоизна нуклеарна програма, чија цел е намалување на турската зависност од увоз на електрична енергија. Во 2013 година Анкара склучи договор вреден 20 милијарди долари со Руската државна корпорација за атомска енергија (Росатом), за изградба на нуклеарна централа со четири реактори со вкупна моќност од 1.200 мегавати.

Меѓутоа, експертите проценуваат дека реализацијата на проектот е загрозена и од финансиските проблеми со кои се соочува Росатом, предизвикани од западните санкции кон Русија поради кризата во Украина.

Испрати коментар

Scroll To Top