Насловна / Вести / Потенцијалот на неискористените кровни површини во Ротердам

Потенцијалот на неискористените кровни површини во Ротердам

За време на Втората светска војна, голем дел од центарот на Ротердам бил срамнет поради бомбардирање од страна на германската армија. Истовремено, можноста за градежна експанзија на голема врата им овозможила на архитектите и урбанистите повторно да ги реоткријат маалата, чии преполни и сиромашни квартови набрзо ќе им отстапат место на авениите и модерните висококатници со повеќе од 150 милиони квадратни метри покриви.

3

Оттука се поставува прашањето како да се реши проблемот со недостигот на земја без да се девалвира природата? Решението е во реактивација на постоечките покриви, вели MVRDV, архитектонското биро кое го реализираше својот најнов проект, Rotterdam Rooftop Walk (Ротердамска прошетка на покривот).  Привремената инсталација, висока 30 метри и долга 600 метри, на посетителите им нуди нова перспектива за откривање на холандскиот град.

Ротердам повторно ја покажува својата имагинација со претворање на кровните површини во меѓусебно поврзани паркови. За да пристапат до патеката, посетителите се искачуваат по неонски розови скали до врвот на музејот Het Nieuwe Instituut, каде што се одржуваат концерти и изложби на мрежа од портокалови патеки што се прелеваат над знаменитостите како стоковната куќа Bijenkorf и World Trade. Централна столбна плоча, обезбедувајќи поглед на раздвижениот коридор Кулсингел подолу. Патеката е инвентивен пример за адаптивна повторна употреба во третманот за справување со еколошките проблеми истовремено обезбедувајќи вреден јавен простор на отворено. (Ротердам е дом на повеќе од 650.000 луѓе, а јавните простори се сè поретки.).

Во 2008 година,  со одлуката на холандската влада за субвенционирање на инвеститорите за адаптација на објектите со зелени кровови –  ќе претставува поттик за експериментирање во третманот со атмосферските води и искористување на соларната енергија.

5

Бидејќи повеќе од 90 отсто од површината на холандското тло се наоѓа под нивото на морето, урбанистите веќе смислуваат нови решенија за управување со водата како сунѓерски паркови и потонати плоштади. Иако овие интервенции се покажаа ефикасни во пренасочувањето на атмосферските води, тактилните зони на  градот нудат се помал простор за понатамошно проширување. Кровите, затоа според локалниот работник на Одделот за одржливост Пол ван Русмален, играат значајна улога.

Затоа повеќе од нужна е програма со која градовите ќе презентираат иновативни начини за ублажување на ефектот на урбаните топлински острови, со што би се зголемила апсорпцијата на топлина од градежните материјали. Во една неодамнешна студија објавена во ,,Sustainable Cities and Societies” (Одржливи градови и општества), НАСА откри дека градините на покривот можат значително да ги намалат температурите во текот на летните месеци. Тоа се поврзува со другите неодамнешни наоди дека количината на зелени покриви во Северна Америка е зголемена за 15 проценти од 2013 година, намалувајќи ја употребата на климатизација во зградите за дури 75 проценти.

1

2

Градовите како Копенхаген, Сан Франциско и Кордоба, веќе имплементираат законски одредби со кое се задолжуваат ваквите висински градини да прераснат во задолжителна пракса при проектирање на нови објекти. „Како што градовите растат и се развиваат, тие треба да носат добри одлуки за нивната инфраструктура, бидејќи реперкусиите од истите често се рефлектираат во градското ткиво во наредните 30 до 50 години “, вели Кристијан Брендон, климатски научник и градежен инженер од Универзитетот Колумбија, кој е коавтор на Студија на НАСА. „Во контекст на почести топлотни бранови и поекстремни горештини, важно е да се разбере како овие урбани интервенции можат да бидат ефективни“.

Испрати коментар

Scroll To Top