Насловна / Вести / „Портата на пеколот“ – пожар во пустина гори веќе 50 години (ВИДЕО)

„Портата на пеколот“ – пожар во пустина гори веќе 50 години (ВИДЕО)

Туркменистанските власти неодамна соопштија дека значајно се намалил интензитетот на пожарот предизвикан од подземен гас што беснее половина век на местото наречено „Порта на пеколот“ е значително намален. Пожарот гори во пустината Каракум од 1971 година, кога советските научници случајно дупнале подземен гасен џеб, а потоа одлучиле да го запалат.

Пожарот во пустината Каракум исфрла огромни количини метан, гас што придонесува за климатските промени. Официјалните лица изјавија дека пожарот – кој стана главна туристичка атракција – е три пати помал, но не прецизираа временска рамка.

„Порано огромниот сјај на пламенот беше видлив од неколку километри оддалеченост, па оттука и името „Портата на пеколот“, денес остана само слаб извор на согорување“, изјави Ирина Лурјева, директорка на државната енергетска компанија „Туркменгаз“, на конференција за животна средина во главниот град Ашхабад.

Лурјева соопшти дека околу пожарот се исдупчени бројни бушотини за да се собере метанот.

Катастрофата се случила кога тлото под платформата се срушило, а платформата паднала во таканаречен џеб од природен гас. Бидејќи отровниот метан протекол во воздухот, геолозите одлучиле да го запалат кратерот, проценувајќи дека гасот внатре ќе гори само неколку недели.

Познат и по многу помалку апокалиптичното име гасниот кратер Дарваза, е голема дупка во пустината широка околу 70 метри и длабока најмалку 30 метри.

Запалениот кратер стекна интернетска слава во 2019 година, кога претседателот Сердар Бердимухамедов објави видео на како изведува акробации во својот автомобил во близина на запалениот кратер. Кога патниците првпат почнаа да се слеваат во Дарваза, немало туристички услуги или погодности, и тие морале да понесат сè што им е потребно за ноќевање. Денес, постојат три постојани кампови со ноќевање во јурти или шатори, како и оброци и моторизиран превоз до работ на кратерот за оние кои не сакаат да пешачат.

Затоа постои голема загриженост кај локалното население, кое верува дека ако кратерот се изгаси, туризмот во Туркменистан ќе претрпи удар и многу од нив ќе ги изгубат своите работни места.

Се проценува дека Туркменистан е меѓу петте земји што имаат најголеми резерви на природен гас, како и значителни резерви на нафта.

Според Меѓународната агенција за енергија, Туркменистан е најголемиот емитер на метан во светот поради протекување на гасот – тврдење што властите силно го негираат.

Испрати коментар

Scroll To Top