Насловна / Вести / Кинески потфат: Повеќе од 400 роботи поместуваат комплекс од 7.500 тони (ВИДЕО)

Кинески потфат: Повеќе од 400 роботи поместуваат комплекс од 7.500 тони (ВИДЕО)

Повеќе од 400 роботи го поместија комплексот згради Хуајанли во Шангај, тежок 7.500 тони, за да направат место за нова градба. Комплексот стар еден век ќе биде вратен на првобитната локација откако ќе заврши изградбата на културните и комерцијалните зони под земја.

Комплексот згради во Шангај, тежок 7.382 тони и со површина од 4.030 квадратни метри, се преместува околу 10 метри дневно со помош на армија мали роботи.

Комплексот, кој се состои од традиционални згради во стилот „шикумен“, се преместува за да се овозможи изградба на трикатна подземна структура.

Ова ќе вклучува развој на 53.000 квадратни метри нови културни и комерцијални зони, паркинг со повеќе од 100 места и транспортен центар што ги поврзува линиите на подземната железница во градот.

Комплексот Хуајанли е изграден помеѓу 1920 и 1930 година и е дел од областа Жангјуан, која сама по себе е стара над 140 години и се карактеризира со архитектура што ги комбинира западните и кинеските елементи.

Армија од 432 роботи

„Проектот привлече внимание не само поради густиот распоред на историските структури, вклучувајќи ја и Големата сала на Жангјуан, зграда од 1928 година во која некогаш се наоѓало патриотско образовно вечерно училиште во 1940-тите, оставајќи малку простор за реновирање или подземен развој“, објаснува во соопштението локалната власт на Шангај.

Потезот е привремен и комплексот ќе биде вратен на првобитната локација откако ќе завршат подземните градежни работи.

Според официјалната веб-страница на владата на Шангај, неверојатниот градежен подвиг се изведува со помош на 432 мали роботи кои одат. Овие роботи можат нежно да ја подигнат структурата, а потоа да се движат со многу бавни движења за да ја поместат зградата.

Нгласен како најголем проект за преселба од ваков вид во Кина во однос на големината, тежината и сложеноста, задачата изискувала ново решение поради тесниот распоред на Жангјуан. Областа е прошарана со тесни улички и густо населени стари згради, што ги прави традиционалните градежни алатки неупотребливи.

Решавајќи ги овие предизвици, проектот користел роботи за дупчење за темели, кои можат да се движат низ тесни ходници и врати. Исто така, користени се специјални роботи за земјени работи со преклопни раце, кои можат да работат во простори тесни до 1,2 метри.

Вештачката интелигенција помогнала во креирањето 3Д модели на локацијата

Според извештаите, обуката за вештачка интелигенција им помогнала на машините да разликуваат глинени и цврсти пречки.

Овие модели им овозможиле на инженерите да идентификуваат ризици од судир, да планираат прецизни правци на движење и да проектираат закривени патеки за транспорт на земјата. Инсталиран е и систем за транспортни ленти за ефикасно отстранување на земјиштето, сличен на фабричка линија, намалувајќи ги пореметувањата.

Кога ќе заврши подземната изградба, комплексот Хуајанли ќе биде вратен на неговата првобитна локација.

Испрати коментар

Scroll To Top