Насловна / Вести / Порака од професорите на Универзитетот во Белград до политичарите: Многу скапо ќе не чини натамошната експлоатација на јагленот

Порака од професорите на Универзитетот во Белград до политичарите: Многу скапо ќе не чини натамошната експлоатација на јагленот

Професорите од Универзитетот во Белград, им порачаа на донесувачите на одлуки во Србија дека земјата ќе помине поскапо доколку не направи ништо за намалување на емисиите на CO2, кои во најголем дел потекнуваат од енергетскиот сектор, отколку да примени мерки за декарбонизација. Цехот неминовно ќе дојде на наплата, велат професорите, наведувајќи дека декарбонизацијата е патот по коj се движат главните економии во светот поради спречувањето на климатските промени. Оваа важна порака професорите ја упатија на панелот „Трите лица на климатските промени“, одржана во рамките на конференцијата „ЕкоКон – Сите лица на климатските промени“ во организација на здружението „Екогенеза“.

ekokon1

 

Претставниците на академската заедница порачуваат дека климатските промени не се апстрактни, туку многу конкретни појави како поплави, пожари, суши, и додаваат дека е потребен притисок врз донесувачите на одлуки со цел спроведување на соодветни мерки. Професорот Јововиќ од Машинскиот факултет истакнува дека катастрофалните појави како поплавите, веќе ги тераат луѓето да се замислат, но тешко е да им се објасни дека причината за тоа се климатските промени. „Темата на климатските промени во последните две години стана актуелна во Србија поради загадувањето на воздухот, кое сега е многу повидливo поради различните метеоролошки услови. Вкупните емисии во Србија во 2018 година биле 62 милиони тони CO2eq. Тоа е помалку отколку во деведесетите години поради помалиот обем на индустриското производство, помалата потрошувачка на енергија и помалиот број на жители. Ако Србија не направи ништо на полето на декарбонизацијата, трошокот до 2030 година, а особено до 2050 година, ќе биде поголем отколку инвестициите за сетот мерки што треба да се применат за декарбонизација. Тоа се однесува и на опцијата Србија да влезе во ЕУ, но и на опцијата да не влеземе во ЕУ. Имено, веќе сега не чека спроведување на неодамна усвоената „Зелена агенда за Западен Балкан“, а потоа и воведувањето на данок за емисија на CO2, што ќе ги поскапе нашите стоки при извозот во ЕУ. За декарбонизацијата неопходна е политичка волја. Србија мора да сфати дека вложувањето во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност го зголемува БДП и создава нови работни места. Ние сега ги одложуваме нашите активности, а ситуацијата со загадувањето на воздухот тоа многу добро го покажува“, заклучува професор Јововиќ.

ekokon2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top