Насловна / Вести / Како Италијанците „случајно“ направиле идеални хотели за периодот на пандемијата

Како Италијанците „случајно“ направиле идеални хотели за периодот на пандемијата

Уште од деведесетите години, Италија практикува туристички модел познат како albergo diffuso или „раштркан хотел“.  Ова всушност претставува распоредување на собите од хотелот во различни куќи во главно напуштени села, и би можело да биде совршено решение за туризам во време на пандемија, пишува CNN. Повеќето стари италијански села се соочуваат со истиот проблем – жителите заминуваат во градовите во потрага по работа, оставајќи зад себе празни куќи. Токму поради тоа, во некои делови од државата е многу едноставно да се пронајде дом за малку пари, бидејќи Италија се обидува да ги привлече луѓето и „да ја пополни празнината“. Хотелиерите ја искористиле оваа ситуација и откупиле некои села, па куќите ги трансформирале во луксузни апартмани. На тој начин, гостите можат да изнајмат цела куќа само за себе, но и да ги посетат рестораните и сличните содржини во селото. Селото Santo Stefano di Sessanio е еден таков пример. Тоа е застанато во времето, а на посетителите им нуди чист воздух, домашен леб, сирења, вино, вкусно овошје и разни видови месо. Многу е традиционално, а во центарот се наоѓа кафуле кое нуди само домашна храна. Во моментот, во Италија работат 150 вакви “раштркани хотели“. Се претпоставува дека тие ќе играат голема улога во наредниот период, кога државата ќе започне да се опоравува од штетите предизвикани од пандемијата. Туристичките работници веруваат дека и по крајот на пандемијата,  туристите во почетокот ќе преферираат одвоено апартмани со цел да одржуваат физичка дистанца.

covidhotel1

covidhotel2

covidhotel3

covidhotel4

covidhotel5

Испрати коментар

Scroll To Top