Насловна / Вести / Полска: „Зелено светло“ за „зелена енергија“

Полска: „Зелено светло“ за „зелена енергија“

Европската Комисија го одобри планот на Полска за развој на обновливи извори на енергија, во вредност од 9,4 милијарди евра. Во соопштението на Европската Комисија се вели дека се одобрува планот на полската влада за понатамошен развој на обновливите извори на енергија, и дека го одобрува намалувањето на даноците за големите потрошувачи на енергија кои го кофинансираат овој план. „Со овој план, Полска ќе го зголеми уделот на зелена енергија во својот енергетски микс и чќе и помогне на енергетската транзиција на земјата“ изјавила европската комесарка за заштита на конкуренцијата Маргрет Вестагер.

Послска е интензивно зависна од јагленот за производство на електрична енергија, и ја поседува воедно најголемата термоцентрала на јаглен во Европа и втора во светот – Belchatow.  Земјата е меѓу водечките загадувачи со јаглерод диоксид од ова фосилно гориво, и затоа е соочена со голем притисок да премине на „почисти“ енергетски извори.

Belchatow 2

Belchaton 3

Испрати коментар

Scroll To Top