Поглед на нееднаквоста во светот
Насловна / Арт и дизајн / Поглед на нееднаквоста во светот

Поглед на нееднаквоста во светот

Фотографот Џон Милер направил серија фотографии снимени од воздух со дрон, кои прикажуваат делови од светот каде нееднаквоста е најочигледна.

1

Ојстер беј, Кејп, Јужна Африка

Овие снимки покажуваат урбанизам и „неурбанизам“, населби на богати и сиромашни кои егзистираат едни покрај други.
Џон Милер го започнал проектот „Нееднакви сцени“ во Јужна Африка, бидејќи неговата желба е да ги документира условите на живот во лимени куќарки, кои ги видел во близина на аеродромот во Кејптаун кога прв пат пристигнал во оваа земја.

јоханесбург

Јоханесбург, Јужна Африка

По Јужна Африка го проширил проектот на најголемите градови на светот од Мумбај, преку Мексико Сити до Најроби.
Користејќи дрон добива подобра перспектива на разликите во условите во кои живеат жителите на овие градови.

кејптаин1

Кејптаун, Јужна Африка

„Нееднаквоста често е сокриена, тешко е да ја приметите кога ги гледате работите од иста перспектива. Визуелните бариери, самите згради не спречуваат да го видиме неверојатниот контраст кој постои во нашите градови“, вели Милер.

мумбај

Мумбај, Индија

детроит

Детроит, САД

Исто така верува дека овој начин на гледање на нештата придонесува на објективноста:„Дронот го оддалечува фотографот и гледачот од предметот кој се снима и физички и ментално. Провоцира да размислувате за она што го гледате. Одвоени сте од она што го фотографирате и тоа силно делува на вас, особено кога се во прашање работи кои предизвикуваат емотивна реакција како што е нееднаквоста“.

Loresho/Kawangare (Nairobi, Kenya)

Најроби, Кенија

Тој се надева дека неговата работа ќе ги испровоцира луѓето да разговараат за она што го гледаат. „Доколку сликите предизвикаат непријатно чувство на страв, очај или вознемиреност, зошто на некој начин учествувате во системот кој произведува нееднаквост, тоа е добро. Тоа и ми беше намерата“, јасен е Милер.

сантафемексико

Санта Фе, Мексико Сити, Мексико

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top