Насловна / Вести / До крајот на 2020 година депонијата во Буково треба да биде затворена

До крајот на 2020 година депонијата во Буково треба да биде затворена

Според препораките на Унеско, депонијата во Буково треба да биде затворена до крајот на 2020 година. Охрид ќе остане без можност каде да го депонира отпадот доколку во наредните година и пол Југозападниот плански регион не изнајде решение за изградба на регионална депонија.

Од Охрид СОС сметаат дека предложената локација кај Дебарца е погрешна бидејќи општината е главно и најголемо сливно подрачје на Охридското езеро кое што е споменик на природата.депонија

Од комисијата комисијата за управување со природно и културно наследство за охридскиот регион која што е формирана на почетокот на годината велат дека се преговара за изнаоѓање на нова локација, тие најавија дека ќе реагираат на сите неправилности во насока на загрозувањето на статусот на светското наследство.

Инаку во рамките на проектот за изградба на интегриран систем за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион кој ќе се реализира со средства од ИПА- фондовите, предвидено беше регионална депонија да се изгради во атарот на селото Годивје заради што локалното население во повеќе наврати протестирало и барало да се поништи одлуката.

Испрати коментар

Scroll To Top