Насловна / Вести / Почна уредувањето на вториот дел од паркот „Македонија“ во Скопје

Почна уредувањето на вториот дел од паркот „Македонија“ во Скопје

vtor del od park makedonija

Започна со уредување вториот дел од Паркот „Македонија“ од страната на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кој зафаќа површина од 32.000 квадратни мерки. Почетокот на уредувањето на паркот го најавија градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, директорот на ЈП„Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ и директорот на ЈП„Улици и патишта“ Синиша Ивановски.
„Градот продолжува да го зазеленува Скопје, и на овој простор што е со површина од околу 32.000 квадратни метри, на потегот од угостителскиот објект Македонска куќа до индивидуалните куќи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ ќе изврши реконструкција на зелената површина и ќе уреди нова парковска површина. Во паркот ќе се постави нова хидрантска мрежа со 192 прскалки со кои ќе се полева зеленилото во паркот и околу 800 новозасадени садници, од кои 300 дрвја ќе бидат листопадни, а 500 зимзелени. Во рамките на паркот ќе се оформи една трим патека со бела ризла и една асфалтирана патека со клупи за седење, корпи за отпадоци и друга урбана опрема“, истакна Трајановски.
Најави дека во паркот ќе има и содржини намените за децата, односно ќе се постават детски реквизити направени од дрво, еко-реквизити, како и три летниковци. Трим патеката ќе биде целосно осветлена.
На уредувањето на паркот ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а ќе им помагаат екипи од ЈП„ Улици и патишта“. За реализација на овој проект Градот ќе издвои околу 15 милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top