Насловна / Екологија / Се подготвува ли Балканот за климатските промени?

Се подготвува ли Балканот за климатските промени?

cane-logo-rgb_high
„Во моментот кога ОН предупредуваат на климатските промени како на една од најголемите закани, а најголемите светски економии ги ставаат акциите за климата во фокусот на своите политики, колку Балканот е подготвен за соочување со реалноста?“ прашува Deutsche Welle.  Во Брисел, во седиштето на најголемата европска мрежа, за прашања во врска со климата и енергетиката, (CAN Europe) стручњаците наведуваат дека планот на државите од Западен Балкан, согласно обврските на Енергетската заедница, е да обезбедат во просек една третина од енергијата од обновливи извори до 2020 година. „Ако Западен Балкан до тој период биде дел од ЕУ, енергетиката во регионот не ќе може да изгледа онака како што изгледа денес. Затоа најдобро е веднаш да се започне со приспособување“, тврдат од европската Мрежа за климатски акции (CAN Europe).

Неодамнешните поплави во регионот ја покажаа осетливоста на електроенергетскиот систем и неодржливоста во времето што доаѓа. „Во оваа насока ЕУ има јасна пресметка: трошоците вложени во заштитата на климата и намалувањето на климатските промени, не се поголеми од добивката. Секое вложено евро се враќа како шест заштедени во случај на штети“, вели Драгана Милеусниќ, задолжена за енергетската политика на Југоисточна Европа во CAN Europe.

Испрати коментар

Scroll To Top