Насловна / Арт и дизајн / Пронајдено уште едно дело на Ван Гог

Пронајдено уште едно дело на Ван Гог

van gog_2

Шпанските даночни инспектори кои ја прегледувале содржината на еден сеф во средината на минатиот месец во Мадрид, откриле слика за која се верува дека е дело на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог, исчезната пред речиси 40 години, се вели во соопштението на даночната канцеларија во саботата.
Потврдувајќи го извештајот на шпанскиот весник “Ел Мундо”, изворот вели дека насловот на сликата е „Чемпрес, Небо и Земја“, а датира од 1889 година. Идиличното дело последен пат било изложено во Историско-уметничкиот музеј во Виена.
Се вели дека во тек е истрагата, за да се утврди како сликата завршила во сеф и дали станува збор за грабеж.van gog_1
Според експертите, се работи за слика која има три печати за автентичност, димензии 35 × 32 сантиметри, најверојатно оригинална, иако допрва тоа треба да го потврди Шпанското министерство за култура. Вредноста на сликата се уште не е утврдена.
Ван Гог, гигант на импресионизмот чии дела се едни од највредните, извршил самоубиство во сиромаштија во 1890 година, по долгата борба со ментална болест.

Испрати коментар

Scroll To Top