Насловна / Вести / Почна реконструкцијата на коритото на реката Грашница во Охрид

Почна реконструкцијата на коритото на реката Грашница во Охрид

грашница охрид

Започнаа градежните активности во Охрид за реконструкција и уредување  на коритото од каналот на река „Грашница“, јужно од булеварот „Туристичка“  покрај улицата „ Аџи Мустафа“, информира OhridNews.

На тој начин, се решава долгогодишниот проблем на жителите  од овој дел на Охрид, кој е причина за чести излевања на водата и поплавувања  при невреме и обилни врнежи од дожд.

– Беше изработена проектна документација, објавен беше јавен повик и беше избрана компанијата „БОКОП“ како најповолен изведувач. Градежните активности кои започнаа денес ќе се вршат по целата должина на каналот од 280 метри. Ширината  на коритото на каналот ќе биде  1  метар и 50 сантиметри во  долниот  и 1 метар и 75 сантиметри во горниот дел.Коритото ќе биде изградено од армиран бетон, а ѕидовите ќе бидат од камен со дебелина од 30 до 40 сантиметри. Проектот  исто така подразбира и уредување и реконструкција на просторот околу ова корито се со цел овој дел од Охрид да  биде пристојно катче за жителите – изјави по тој повод градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Испрати коментар

Scroll To Top