Насловна / Вести / Oтворена новатa градинка „Кочо Рацин“ во Центар

Oтворена новатa градинка „Кочо Рацин“ во Центар

001

Општина Центар денес свечено ја отвора новата градинка „Кочо Рацин“. На местото на старата руинирана и дотраена градинка, изградена е нова, со димензии три пати поголеми од претходната. Градинката ќе биде нов дом за децата, топло, убаво, функционално место. Со најубав мебел, оптимални услови за престој и забава.  Градинката „Кочо Рацин“ е на површина од 2800 м2 и е комфорно место за сместување и грижа за околу 250 деца.

006

Со енергетски ефикасна фасада, подно греење, голема аула со трибини, занимални со најсовремен мебел, посебни простории за потребите на децата, кујна со лифт за храна и капацитет од оброци 550 дневно.

132867251

При изведбата се запазени сите високи стандарди за објект од ваков карактер, а во градбата се користени врвни и долготрајни материјали, за чиј квалитет сведочат сертификатите добиени од светските лаборатории.

003

„Ова е најголемата и најсовремена градинка во Република Македонија. Веруваме дека успеавме да создадеме втор дом за најмладите, во кој тие успешно ќе растат“, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, чие изборно ветување беше токму изградба на новата градинка „Кочо Рацин“.

132867250

Градинката е градена исклучиво со средства од буџетот на општината, без ниту еден денар помош од државата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top