Насловна / Архитектура / Радикална интеграција на практичното искуство во студиските програми по архитектура во ЕУ

Радикална интеграција на практичното искуство во студиските програми по архитектура во ЕУ

Пред десет години, на 30 септември 2005 година, беше објавена Директивата 2005/36/ЕЦ на Европскиот парламент и Европскиот совет од 7 септември 2005 за признавање на професионалните квалификации. arhitektura ekspert (4)

Непосредно по објавувувањето на оваа директива, отпочнала работата на новата директива за признавање на професионалните квалификации. Десет години подоцна се наѕира доаѓањето на нова директива за која се очекува да биде донесена во јануари наредната година.

За Мајкл Браинер (Michael Brainer), член на Европската комисија одговорен за Внатрешниот пазар и услуги: „Мобилноста на добро квалификуваните професионални лица е клучен извор на развој. Токму заради ова многу е важно тие да можат да одат онаму каде има работа. Новата директива ја зајакнува рамката преку која професионалните квалификации ќе можат да бидат признати на брз, ефикасен и проверен начин“.

Според него, со новите правила се постигнува вистинската комбинација на зголемена мобилност и заштита на потрошувачите и пациентите. А новата директива претставува одговор на основните предизвици на пазарот на труд ширум Европа, карактеризиран со паралелно постоење на големи недостатоци од стучни лица во комбинација со високо ниво на невработеност, особено помеѓу помладите луѓе. Затоа, тој смета дека новата директива ќе помогне во надминувањето на овие предизвици.arhitektura ekspert (3)

Според сегашниот систем, лицата што сакаат да се пријават во земја на Европската заедница каде што нивната професија е регулирана, треба да поднесат барање до одворните организации во таа земја, а тие треба да донесат одлуки за признавање на квалификациите во зададените рокови во зависност од професијата во прашање. Според новите правила, сите информации за признавање на професионалните квалификации ќе треба да бидат достапни на јавноста преку Еден контакт (Single Point of Contact) или преку веб странците на одговорните организации, при што сите земји членки на ЕУ ќе бидат обврзани да отворат центри за помош, каде ќе можат да се добијат совети за индивидуалните случаи.

Професионалните лица коишто ќе сакаат да се вработат во својата професија во друга земја, ќе бидат во можност да ја отпочнат постапката за признавање на нивните кавлификации во својата земја. Одоворните организации во матичната земја ќе ја проверат пријавата со придружните документи, пред неа да ја препратат до земјата во која лицето сака да се вработи. Како резултат на ова се смета дека процесот на признавањето на професионалните квалификации ќе се забрза, а во случаи кога определените рокови нема да се запазат, признавањето ќе оди по автоматизам.

Истовремено, професионалните лица коишто сакаат времено или понекогаш да работат во други земји на Унијата, по завршувањето на постапката за признавање на своите професионални квалификации, ќе можат во период од 18 месеци да работат во повеќе земји на Европската Унија.arhitektura ekspert (2)

Една од најголемите новини, што ќе проилезе од новата директива, е воведувањето на таканаречената Европска професионална картичка ().

Притоа не станува збор за физичка картичка, туку за една виртуелна, базирана врз централна електронска база на податоци, преку која одговорните организации во матичната земја и земјата домаќин ќе можат да ги споделат информациите за професионалните лица на едно место, при што одлуката за признавање на професионалните квалификации ќе ја носи земјата домаќин. Европската професионална картичка во форма на електронски сертификат ќе биде достапна за одредени професии на доброволна база.

Друга голема новина е дефинирањето на минималните услови за практично искуство и формално образование на одредени професии, вклучително и архитектите.arhitektura ekspert

Дополнително, со новата директива ќе се воведат услови за признавање на практичната обука од една во друга земја, како и механизми за заштита на потрошувачите и пациентите преку споделување информации и испраќање пораки за предупредување на оние професионални лица чиишто акции довеле до загрозување на безбедноста на пациентите или пак безбедноста на децата во нивна грижа, или пак се суспендирани по овие основи.

Како резултат на новата директива, секоја земја членка ќе треба да изготви листа на регулираните професии, но и да изврши евалуација на пречките за пристап во регулираните професии од професионалните лица од други земји членки, како би можеле да се преземат мерки преку кои овие пречки би се отстраниле.

Една од регулираните професии во ЕУ е и онаа на архитектите и со новата директива се додефинираат минималните услови за практично искуство и формално образование, со што би се хармонизирале условите во рамките на ЕУ. Во оваа насока, во март годинава Советот на Кралскиот институт на британските архитекти организираше отворен форум на којшто се разгледувала иднината на архитектонското образование во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во контекстот на воведување на новата директива за признавање на професионалните квалификации во ЕУ и предлозите содржани во рамките на Прегледот на архитектонската едукација во земјата, изготвен од страна на Кралскиот институт.

Така, од септември 2016 година се очекува дека ќе престане да функционира постојниот систем базиран на трите делови на испитот на Кралскиот институт, според кои, првиот дел на тригодишни додипломски студии резултираше со доделување диплома за Бечелор по уметности, науки или архитектонски студии, по кои следуваше едногодишен период на стекнување практично искуство, пред да се отпочне со вториот дел на двегодишни постдипломски студии, кој по старо водеше до диплома по архитектура или диплома за Бечелор по архитектура, а по ново води до Мастер по архитектура.

arhitektura ekspert

По ова следува вториот едногодишниот период на стекнување практично искуство и вонредни студии за да се пристапи кон полагање на третиот, завршен дел на испитот со кој кандидатот се стекнува со правото да се лиценцира како архитект.

Според новото, се воведува радикална интеграција на практичното искуство во наставната програма, така што пропишаното практично искуство ќе треба да се интегрира во рамките на академските студии, коишто по седум години поминати во редовно образование и практика ќе водат до квалификацијата Мастер по архитектура, вредна 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем и правото на стекнување лиценца како архитект. Со ова, трите циклуси на студирање по старо ќе се заменат со два циклуси на студирање по ново, при што високообразовните органзации ќе можат да нудат две опции за студирање.

Петгодишни редовни во комбинација со двегодишна практика во струката или, пак, четиригодишни редовни студии во комбинација со тригодишна практика во струката, при што, за една година практика во струката ќе имаат можност да се стекнат со академски кредит еквивалентен на едногодишни студии во областа.

Според Харис (Harriss, 2015), можни придобивки од новиот пристап се изедначувањето на пристапот со оној во другите земји на ЕУ, но и можност за евентуално укинување на практиката со која понекогаш на студентите им се оневозможува стекнување на соодветно практично искуство, па тие се принудени подолго да работат за помала плата како студенти и не се во состојба да се лиценцираат како архитекти.

Оттука, се проценува дека очекуваните промени ќе донесат поголема флексибилност по однос на организација на архитектонските студии од страна на високообразовните институции, но и дека истовремено се создава простор образованието на архитектите да еволуира во насока која најдобро ќе го потпомогне создавањето на економски компетитивна и социјално одговорна професија.

Со оглед на тоа што Р. Македонија во рамките на своите активности за правна хармонизација со законите на ЕУ веќе има донесено Закон за признавање на професионалните квалификации, допрва ќе треба да се види како новата директива на Унијата ќе се преточи во нашите локални закони, и како ќе се трансформира архитеконското образование во земјата за да се усогласи со она на земјите од ЕУ. Седумте факултети за архитектура во земјата, заедно со Комората на овластени архитекти и инженери, и Асоцијацијата на архитекти на Македонија и ресорските министерства ги чека одговорна и значајна работа во претстојниот период, особено затоа што Република Македонија е една од ретките земји во светот со двостепен систем за лиценцирање на архитектите.

Испрати коментар

Scroll To Top