Насловна / Вести / Почна пролетното чистење на општина Центар

Почна пролетното чистење на општина Центар

Започнува машинското чистење зад „Агромеханика“ кај популарниот „Плочник“.

Општина Центар започна со редовното пролетно чистење. Оваа година, акцијата стартува во Градски ѕид, односно во сите негови сегменти. Вчера машински се чистеа улиците, плочниците и тротоарите на просторот зад „Просветно дело“, кај Францускиот културен центар и полициската станица Беко -Центар.

„Еко-бригадата за чист Центар“ работи со голема цистерна од осум метри кубни за миење на улиците, специјално возило со капацитет од три метри кубни за собирање на сметот на пешачки и други патеки, зглобна цистерна за миење на тротоарите и велопатеките, метачка или шмит машина за метење на улиците и патеките со четки за собирање на прашината и две сезонски машини за вшмукување на лисја.timthumb.php

Се користат и посебни еколошки средства за чистење и дезинфекција на плочниците, тротоарите и деловите од улиците. Општината продолжува со редовното рачно собирање на сметот, а наскоро почнува и косењето на тревните површини. По чистењето кај Францускиот културен центар, општина Центар продолжува со пролетното генерално чистење во Маџир Маало, Крњево и Кале.

Жителите на Центар ќе можат да се јавуваат и да ја повикаат „Еко-бригадата“ на телефонскиот број 02/3203-600, информираат од општината.

Испрати коментар

Scroll To Top