Насловна / Архитектура / Калатрава го обелодени проектот за Лондон тежок милијарда фунти

Калатрава го обелодени проектот за Лондон тежок милијарда фунти

Овој мегаломански проект на Темза, предвидува и изградба на три кули кои заедно формираат облик налик на круна.kalatrava-london-3

Прославениот Сантјаго Калатрава го презентираше проектот на новиот комерцијален комплекс во Greenwich Peninsuli во источен Лондон, кој ќе се простира на 130.000 квадратни метри и ќе се потпира на позната Арена О2. Со проектот, вреден милијарда фунти, вклучена е и изградба на нова метро станица, театар, кино, концертна сала, а сите нив ќе ги крунисаат три кули во облик на, што друго ако не, круна.kalatrava-london-1-726x400

Иако Калатрава не потврдил дека инспирацијата за креирање на формата на кулата бил знакот на кралското достоинство толку препознатлив во британската монархија, повеќе од јасно е дека овие три објекти заедно изгледаат како круна.

kalatrava-london-5

Овој комлекс е само еден дел од големиот развоен план за Greenwich Peninsula кој го финансира Knight Dragon. Планот тежок 8,4 милијарди фунти има за цел ревитализација на целиот овој крај на британската престолнина, а во проектот ќе учествуваат и други големи архитектонски компании, како што се SOM, Marks Barfield, DSDHA, Alison Brooks и Duggan Morris. Целта е да се направат 15.720 нови домови како и придружни содржини за сите луѓе кои ќе живеат овде.kalatrava-london-4

Новата капија на овој дел од Лондон ќе ја сочинува зимската градина висока 25 метри, и таа прва ќе им посака добредојде на сите патници кои ќе излезат на новата метро станица. Пешачкиот мост понатаму ќе ги одведе до комплексот што, освен трите кули, ќе има и 800 домови од кои 200 ќе бидат за оние со помали примања.

kdn_peninsula_place_bridge_1701301copy

Иако буџетот е поставен на милијарда фунти, сите веќе се прашуваат колку навистина ќе чини изградбата на вака голем комлекс. Калатрава знае да ги промаши буџетот и роковите, а најсвеж пример е метрото Окулус во Њујорк, што чинеше двојно од планираното. Наместо две милијарди, конечната цифра беше четири милијарди долари со хонорарот за Калатрава во износ од 82 милиони евра.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top