Почна изградбата на колекторите за собирање на урбани отпадни води во Скопје
Насловна / Вести / Почна изградбата на колекторите за собирање на урбани отпадни води во Скопје

Почна изградбата на колекторите за собирање на урбани отпадни води во Скопје

Почнаа градежните работи на ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.
Проектниот договор предвидува изградба на колектор на десниот брег на реката Вардар во должина од 3,4 километри и тоа од булевар Србија до Железничкиот мост при што во него ќе се слеваат отпадните води од постојната пумпна станица „Горно Лисиче“, потоа зградба на колектор на левиот брег на реката Вардар во должина од 4,5 километри од точката на моменталното празнење на постојната канализациска мрежа до железничката пруга. Исто така предвидено е и изградба на колектор од пумпната станица „Макошпед“ до поврзувањето со новиот главен колектор на левиот брег на реката Вардар.

20180613125457_4H5A2230
Успешното имплементирање на овој инфраструктурен ИПА 2 проект ќе обезбеди зголемување на обемот на собраните отпадни води кои ќе бидат префрлени на идната планирана пречистителна станица за отпадни води и следствено, ќе ја зголемат ефикасноста на функционирањето на истата.

20180613125619_4H5A2240
Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над девет милиони евра и ко-финансирана од буџетот на Македонија во висина од 15 отсто, а предвидено е да заврши во февруари 2020 година.

20180613125646_4H5A2241
“Со изградбата на колекторите на левиот и десниот брег на реката Вардар, Градот Скопје успешно ќе ги собира урбаните отпадни води со што санитарно-хигиенските услови во централното градско подрачје ќе бидат значително подобрени. Изградбата на овој колекторски систем е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за градот Скопје, чија градба ќе почне во 2020 година“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на настанот по повод офцијалното одбележување на почетокот на градежните работи на ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека со изградбата на овој инфраструктурен зафат Скопје ќе влезе во редот на европските метрополи.

20180613130033_4H5A2251
На почетокот на градежните работи на ИПА 2 проектот присуствуваше и Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија кој рече дека ЕУ многу вложува во оваа област која е особено значајна за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

20180613125735_4H5A2244 (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top