Насловна / Вести / Почна изградбата на автопатот Миладиновци-Штип

Почна изградбата на автопатот Миладиновци-Штип

Avtopat miladinovci-stip
Во присуство на кинескиот амбасадор во државава, премиерот Никола Груевски, министри, градоначалници и пратеници од речиси сите општини во источниот регион, кај штипската населба Три Чешми свечено беше фрлена првата лопата на камен-темелникот на новиот автопат Миладиновци – Штип.

Новиот автопат ќе биде во должина од 47 километри, со што растојанието меѓу Штип и Скопје ќе се скрати за 18 километри, a широк 27,4 метри. Предвидено е автопатот да има две коловозни ленти во двата правцa, како и една дополнителна лента за застанување. На делницата ќе бидат изградени седум клучки кои ќе имаат функција влез и излез од автопатот кон градовите и населените места. Се планира долж автопатот да има осум натпатници, пет потпатници, армиран бетонски мост со должина од 154 метри.

avtopat miladinovci - stip mehanizacija
Инвестицијата изнесува 206 милиони евра, кои државата ги обезбеди со кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени.

Новата автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, со која Владата потпиша договор во декември лани. Кинеската компанија, која треба да го гради и автопатот Кичево-Охрид во должина од 56 километри, е обврзана да ангажира македонски подизведувачи за најмалку 49 проценти од предвидените работи и да набави најмалку 49 проценти градежни материјали од Македонија. Изведувачот и подизведувачот во тек на изградбата се обврзани да ангажираат за работа минимум 51 процент македонски државјани.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top