Насловна / Вести / Нов паркинг простор во Ѓорче Петров

Нов паркинг простор во Ѓорче Петров

nov parking vo gorce petrov_resize
Жителите на улицата „Христо Батанџиев“ добија нов паркинг простор со капацитет за 35 возила.

Паркиралиштето е на површина од 1.100 метри квадратни.

За комплетно уредување на овој паркинг простор, општината од својот буџет одвои околу еден милион денари.

„Овој простор навистина урбано се уреди и не само што поставивме павер елементи, туку и целосно ја средивме подземната инфраструктура. Се направи канализација, реновирање на водоводната мрежа, се поставија и околу 11 шахти, така што целосната подземна инфраструктура сега е за долгорочна употреба, стабилизирана е и граѓаните ги немаат веќе проблемите што ги имаа во минатото, истакна градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top