Насловна / Арт и дизајн / Утре, отворање на постојаната поставка во Музеј на современа уметност

Утре, отворање на постојаната поставка во Музеј на современа уметност

msu otvoranje na postavka_2
По неколкугодишни најави и одложувања, утре, сабота на 22 февруари во 19 часот ќе биде отворена постојаната поставка во Музејот на современата уметност во Скопје. Во реновираниот и саниран галериски простор, пред јавноста ќе бидат презентирани околу триста, од над петте илјади врвни уметнички дела што веќе две децении се чуваат во музејското депо.

msu otvoranje na postavka_1

На свеченоста на отворањето, кое е во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од основањето на Музејот, ќе говорат министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска и директорката на МСУ, Елиза Шулевска. Публиката ќе добие можност да види дела од познати светски автори, како што се  Вазарели, Пикасо, Хокни и други, а преку постојаната поставка ќе може да го проследи и развојот на современата ликовна уметност во Македонија, како што се делата на Димитар Пандилов-Аврамовски, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Анета Светиева и други автори.

Испрати коментар

Scroll To Top