Насловна / Архитектура / Почина архитектот Климент Заров

Почина архитектот Климент Заров

Вчера на 88 годишна возраст почина архитект Климент Заров. Тој е еден од доајените на македонската современа архитектонска мисла. Во своето долгогодишно делување се занимавал со повеќе сегменти од архитектонската професија. Архитект Климент Заров е роден во Охрид во 1930 година. Се школувал на Техничкиот факултет во Загреб и на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

11
Работел во Заводот за заштита на спомениците и културата во Охрид, а во Заводот за урбанизам и архитекура во Охрид го поминал најголемиот творечки период се до 1999 г. кога преминал во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во Скопје..
Добитник е на дваесетата по ред награда “Андреја Дамјанов” за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството за 2009 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, а истовремено е член на Архитектонската академија на ААМ.

13
Позначајни реализирани дела:
1957 Три повеќесемејни станбени објекти ( П+4) на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид;
1963 Станбен објект (П+4) за просветните работници на ул.„Јане Сандански“ во Скопје;
1971 Хотел „Инекс“ , Охрид;
1972 Станбен блок (П+3+По) и станбена кула (П+9) на ул.„Партизанска“ во Охрид;
1982 Хотел „Силекс“ во Охрид ( со арх. Р. Наумовска);
1983 Хотел „Горица“ во Охрид;
1995 Станбени блокови (П+М+4+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. В.Снегар);
1996 Две станбени кули (П+М+6+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. П.Манев);

Награди и признанија:
1970 „11 Октомври“ – за хотел „Инекс“, Охрид;
1971 Награда на град Скопје, за урбанистичко творештво;
1972 Признание на сојузот на урбанистите на Југославија „СУЈ“;
1985 Сецијална награда на „БИМАС“ за хотел „Горица“;
2009 „Андреја Дамјанов“, награда за животно дело.

заров

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top