Насловна / Архитектура / Градинка за 220 деца во предградие на Москва

Градинка за 220 деца во предградие на Москва

Тимот на архитекти на проектантското биро „Буромосков“, Јулија Бурдова, Олга Алексакова, Олга Власенко е автор на градинка за 220 деца. Градинката се наоѓа во новоизградената населба во предградието на Москва , исто така проектирана од „Буромосков“.

4

Од бирото велат дека во новиот станбен комплекс „Варшавски светла”, локација со неправилна форма била предвидена за градинка.

10

Соочени со неправилната форма на локацијата, проектантите се одлучиле за објект со кружна основа со правоаголен внатрешен двор.

11

Кружниот волумен ја претвара детската градинка во главен лик на населбата. Стаклена лента во приземјето ја прави внатрешноста на градинката дел од дворот.

1

На првиот и вториот кат прозорците се во форма на морски суштества- риби, медузи и ракчиња. Секој кат има акцент на боја – жолта, портокалова или сина.

7

6

Внатрешноста е лесна и едноставна, а застаклувањето е делумно обоено за да даде убави сенки во ходниците.

2
Катовите се предвидени за одредена возраст на децата. Најмладите, деца до три години се сместени во приземјето, на првиот кат се наоѓаат простории за спорт и музички сали, администрација и занимални за деца од средна и постара возраст.

8

Највозрасните деца ги користат просториите на вториот кат, каде е предвидено да се одржуваат и часови и се шета по покривот на објектот.

12

Градинката е со површина од 3783 метри квадратни, проектирани и изведена во периодот од 2014 до 2017 година.

3

3

9

13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top