Насловна / Архитектура / По сугестиите на претседателот на Комисјата на конкурсот „Треска“,градоначалникот Саша Богдановиќ го зголеми наградниот фонд и го продолжи рокот

По сугестиите на претседателот на Комисјата на конкурсот „Треска“,градоначалникот Саша Богдановиќ го зголеми наградниот фонд и го продолжи рокот

Идејата за уредување на локацијата на фабрика „Треска“ по пат на конкурс беше иницирана по предлогот на Граѓанската иницијатива со барање за распишување Архитектонско-урбанистички конкурс, а доставен до Општина Центар на 17.1.2020 година од предлагачот Даница Павловска-Циги, дипл. инж. арх., и поддржан од повеќе професори, архитекти, членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“.

Стручен тим од Општина Центар изготви проектна програма, услови за учество на конкурсот и состави жири кое ќе ги оценува трудовите.

тр1_resize

Претседателот на Комисијата, архитет Миодраг Радоњиќ-Бато делегиран член од Архитектонската академијата при ААМ, е назначен за претседател на Комисијата. Тој по детално разгледување на предложената проектна програма и условите за учество, смета дека доколку останат предвидените услови, не е спремен да биде ниту претседател, ниту член на жири, бидејќи смета дека пропозициите на конкурсот се несоодветни и деградирачки за струката и вели: „Како еден од иницијаторите за распишување конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот на фабрика „Треска“, морам да го изразам моето задоволство по повод , одлуката на Општина Центар и објавата на Конкурсот од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Голема чест е да бидеш назначен за претседател на Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите трудови, но уште поголема е одговорноста пред јавноста и стручната фела како и пред самите учесници на конкурсот.

За преземање на доделената чест и одговорност се произнесов со мој личен став, усогласен со ААМ и Архитектонската академија при ААМ, кој со допис е доставен до градоначалникот Саша Богдановиќ“.

тр3_resize

Ви го пренесуваме дописот во целост:

Почитуван,

по известувањето дека, како делегиран член од Архитектонската академијата при ААМ, сум назначен за претседател на Жири-комисијата за оценување на трудовите кои се очекува да пристигнат на распишаниот Конкурс за идејно решение на локалитетот на фабрика „Треска“ побарав состанок со градоначалникот кој беше закажан на 12.7.2021 година.

На одржаниот состанок  го изложив мојот став во однос на пропозициите и условите за изработка на конкурсните трудови.

Имено, по детално разгледување на предложената проектна програма и условите за учество, изготвени од избраниот стручен тим, дојдено е до следните сознанија: Стручно и професионално припремениот материјал и проектната програма, нудат поволни услови за изготвување на конкурсните решенија, но условите и програмските барања се преобемни и како такви не се во согласност, ниту со предвидените рокови за завршување и предавање на трудовите, ниту предвидениот награден фонд соодветствува со бараниот обем на задачата, како и на значењето на предметниот простор. Согласно горенаведените забелешки, изјавив дека, доколку останат предвидените услови во расписот на конкурсот, не сум спремен да бидам ниту претседател, ниту член на Жири-комисијата, бидејќи сметам дека ваквите пропозиции се несоодветни и деградирачки за струката. Со самото тоа и мојот професионален интегритет е доведен во прашње, со оглед на мојата перманентна заложба за подигање на нивото и зачувување на достоинството на струката.

Притоа, повторно е изразено жалење во однос на неадекватната вклученост на ААМ во организацијата и реализацијата на овој значаен Конкурс за чие распишување Асоцијацијата и нејзините членови целосно и професионално се залагаа.

Од ваквиот став,  усогласен со претседателот на ААМ арх. Мишко Ралев и претседателот на АА при ААМ арх. Мартин Гулески произлегоа и следните барања од страна на Асоцијацијата:

– Да се продолжи рокот за предавање на трудовите за минимум 30 дена.

– Да се зголеми повеќекратно наградниот фонд за наградените и обесштетени трудови.

Сметаме дека ваквите барања се во интерес на целта на распишаниот конкурс за добивање поголем број трудови и  поквалитетен избор од истите, како и во интерес на подигање на нивото на стручниот и професионален ангажман на учесниците, како и на нивото на архитектонската професија.

Се надеваме дека ќе изнајдете можности и средства да ги реализирате нашите барања и со тоа да придонесете за поуспешна и поквалитетна  реализација на распишаниот КОНКУРС.

тр_resize

По доставениот допис одржан е состанок помеѓу градоначалникот и Миодраг Радпњиќ – Бато. Градоначалникот Саша Богдановиќ ги послуша неговите сугестии и го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот, го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови и го продолжи за еден месец, до 1 октомври 2021 година, рокот за предавање на трудовите.

Зголемениот наградниот фонд изнесува:

1 место: 492.000,00 денари во нето износ;

2 место: 369.000,00 денари во нето износ;

3 место: 246.000,00 денари во нето износ;

додека трите откупи остануваат со истата вредност од 30.000 денари.

Испрати коментар

Scroll To Top