Насловна / Вести / Пловечка соларна електрана подготвена за приклучување на ветерен парк во Северното море

Пловечка соларна електрана подготвена за приклучување на ветерен парк во Северното море

На холандската компанија Oceans of Energy и требале само три дена за во пристаништето во Амстердам да ја инсталира својата нова фотонапонска постројка. Имено, станува збор за концепт кој вклучува модуларност. Оваа мала соларна електрана ќе биде поместена до ветерната електрана Hollandse Kust Noord во Северното море, каде ќе биде споена во хибридна електрана. Соларната платформа Nymphaea Aurora се состои од 1.400 фотонапонски панели на 196 пловечки основи. Уделот на рециклирани метали во изработката изнесува 70%, а повторно употребените полимери 80%. Името е инспирирано од водените лилјани, во комбинација со латинскиот збор за „зора“.

Организацијата SolarPower Europe го промовираше наведениот проект откако модуларната пловечка соларна електрана монтирана во пристаништето Амстердам. Локацијата на ветерниот парк, каде треба да биде приклучена е на растојание од 22 километри. Со искористување на само 3-5% од површината помеѓу турбините за поставување на соларните панели, производството на електрична енергија може да се зголеми и за повеќе од 20%, и тоа со постоечката енергетска инфраструктура.

Hollandse Kust Noord и припаѓа на мешовитата фирма CrossWind, со која управуваат Shell и Eneco. Таа електрана има 69 турбини и вкупно 759 MW инсталирана моќност, додека Nymphaea Aurora ќе придонесе само со дополнителни 0,5MW.

Испрати коментар

Scroll To Top