Насловна / Вести / Плоштадот „Скендербег“ ќе се догради во јуни

Плоштадот „Скендербег“ ќе се догради во јуни

rsz_1скендер
Локалните власти од Чаир најавија дека премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет, кое е дел од доградбата на плоштадот „Скендербег“, ќе стартува во јуни годинава. За овој зафат веќе биле добиени финансиски средства од државниот буџет и дадена е согласност од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.
Во моментов, Општина Чаир бара проектантско биро што ќе работи на проектната документација за втората и третата фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“. Најповолниот понудувач ќе треба да го подготви основниот проект во рок од пет месеци, врз основа на веќе изработеното идејно решение на архитектите од „Архинг Груп“.
Најпрво ќе се работи на втората фаза, која претставува и најсложен дел за изведба на плоштадот „Скендебег“. Конечната финансиска конструкција за реализирање на премостувањето ќе се знае по изборот на најповолен понудувач, етапа што ќе следи по изготвувањето на главниот проект. Се проценува дека изработката на проектната документација за втората и третата фаза ќе ја чини општина Чаир околу 450 илјади евра. Заинтересираните проектантски бироа треба да ги испратат своите понуди за учество на огласот најдоцна до 24 март.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top