Насловна / Архитектура / Планинска куќа во Канада инспирирана од поморска архитектура

Планинска куќа во Канада инспирирана од поморска архитектура

Сместена на стрмен планински терен со поглед на река, формата на A House потсетува на подигнати едра, а нејзината тераса наликува на палуба на брод. Контрастот на црн лим и светли дрвени површини во екстериерот се надоврзува на едноставен, но визуелно ефектен и удобен ентериер.

2

Регионот Charlevoix, богат со импресивни пејзажи, е една од главните туристички атракции во Канада. Со отворањето на новиот ски центар, ова веќе популарно место стана дестинација која привлекува посетители во текот на целата година.

Во ова туристички развиено опкружување се наоѓа куќата A House, недалеку од ски центарот.

1 5

Формата на куќата е инспирирана од поморската архитектура

Во потрага по инспирација, тим архитекти од бирото Bourgeois/Lechasseur architects го откриле Меѓународниот сигнален кодекс, кој долго време се користи во поморските комуникации. Додека А-формата ја одредила главната геометрија на зградата, во обликувањето се воведени суптилни референци на поморската архитектура.

4

Триаголниот кров наликува на едра свртени кон ветер, а голема дрвена тераса на палубат на брод со импресивен поглед на реката. Употребата на дрвени облоги на ѕидовите и таванот на заедничката дневна соба дополнително ја нагласува аналогијата со поморската архитектура.

3

Главниот влез се наоѓа под едно од закосените крила на кровот. Дневната соба е долг галериски простор кој нуди поглед од 180 степени на реката Сен Лорен. Наменет е за сместување до 12 луѓе, и обезбедени се комплетни кујнски содржини, како и простор за седење и трпезарија, кој излегува и надвор кога времето дозволува.

6

Контрастот на светли и темни површини е доминантен во ентериерот и во екстериерот

Скалите покрај влезната врата водат до делумно вкопано долно ниво. Три спални соби и отворен блок за спиење за деца пружаат доволно простор за секого. Од централната игротека се пристапува до спа просторот, сместен под терасата на приземјето.

9

Просторот на дневната зона е со двојна висина и обложен со панели од иверица, кои исто така се користени и за изработка на мебел по нарачка.

8

Контрастот на облогите од светло дрво и темниот мебел и деталите од ентериерот, се пренесуваат во екстериерот, каде што светло обоените панели од бреза се во остар контраст со темните тонови на металниот кров и облогата на надворешните ѕидови.

10 7 11

Испрати коментар

Scroll To Top