Насловна / Вести / Пиво од рециклирана дождовница

Пиво од рециклирана дождовница

Компанијата Xylem смислила начин за рециклирање на вода, со кој ќе се придонесе за ублажување на проблемот со недостаток на вода, така што ќе се направи пиво токму од рециклираната вода. Имено, дури 3,6 милијарди луѓе живеат во подрачја со ограничена количина на вода. Компанијата се здружила со фудбалскиот клуб Манчестер Сити и со Хајнекен Манчестер, и произвеле пиво наречено Raining Champions. Ова пиво е направено од рециклирана вода – дождовница, собрана од покривот на стадионот „Етихад“.

xylem1

 

Raining Champions е најновата кампања на Xylem, со која сака на фудбалските навивачи ширум светот да им покаже дека секоја земја се соочува со сериозни предизвици кога станува збор за недостатокот на чиста вода.  „Се проценува дека до 2050 година, над 5 милијарди луѓе ќе го почувствуваат недостатокот на вода“ велат од компанијата Xylem. „Секако еден од најдобрите начини да се направи едукација на ова тема, е да ги почестите своите навивачи со пиво од дождовница. Низ оваа иницијатива и нашата кампања „Поблиску отколку што мислите“, сакаме да ја насочиме новата генерација кон поинакво размислување за водата“ додаваат од Xylem.

xylem2

 

Компанијата исто така соработувала и со берлинското комунално претпријатие Berliner Wasserbetriebe и со  Kompetenzzentrum Wasser  во производството на Reuse Brew – пива направени од прочистена отпадна вода. Ова пиво е престатвено на Меѓународната конференција за вода во Берлин, заедно со низата решенија на Xylem за повторно користење на водата. Се работи за напредни технологии кои обезбедуваат највисок квалитет и безбедност за потрошувачите, а вклучуваат оксидациски постапки врз база на УВ светлина и водород пероксид.

xylem3

xylem4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top