Насловна / Вести / Хрватскиот павилјон за EXPO 2020, повторно ги скара Хрватска и Србија за тоа чиј е Тесла

Хрватскиот павилјон за EXPO 2020, повторно ги скара Хрватска и Србија за тоа чиј е Тесла

На Светската изложба Dubai Expo 2020, Хрватска ќе се претстави како земја на иновативни проекти, идеи и големи умови кои постигнале светска препознатливост, меѓу кои е и Никола Тесла. Но, српското министерство за култура и информирање, тврди дека „во енциклопедиите, научните трудови и во популарните текстови на сите јазици, стои податокот кој е историски единствено точен, односо дека Тесла е еден од најзначајните српски научници“. Во своето официјалното соопштение тие додаваат дека “ова е обид на Хрватска да го присвои научникот и иноваторот Никола Тесла, кој целокупната светска јавност го препознава и памти како Србин кој голем дел од својот живот поминал во Америка. “

Хрватска го смета Тесла за хрватски и американски научник, кој по потекло е Србин од Смиљан во Лика, Хрватска, но речиси секој настан поврзан со неговото име и дело не поминува без остри расправии помеѓу двете земји за тоа дали се работи за српски или хрватски научник.

expotesla2

expotesla3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top