Насловна / Вести / Петте најголеми нафтени компании, со „зелен“ ПР се обидуваат да се претстават како еколошки одговорни

Петте најголеми нафтени компании, со „зелен“ ПР се обидуваат да се претстават како еколошки одговорни

Извештајот на Influence Map открива дека т.н Big Oil компании (BP, Shell, Chevron, ExxonMobil и Total Energies) спроведуваат ширење на дезинформации со цел да презентираат еколошки одговорна јавна слика, додека континуирано лобираат кај владите и креаторите на политики да обезбедат земјите да останат зависни од фосилни горива во наредните децении. Студијата покажува дека овие компании трошат стотици милиони на климатски одговорни пораки, з ада креираат позитивна слика во климатските кампањи. Меѓутоа, Big oil продилжуваат да инвестираат во нафта и гас.

bigoil1

Најновиот извештај ги споредува јавната комуникација, деловните операции и политичкиот ангажман на петте најголеми нафтени компании. Притоа, анализирани се 3.421 случаи во јаната комуникација на овие компании во текот на 2021 година, и направена е споредба со нивните CAPEX прогнози за оваа година. Извештајот открива дека 60% од ПР материјалите на овие компании во текот на 2021 година содржеле најмалку едно „зелено“ тврдење, додека само 23% содржеле тврдења кои ги промовирале нафтата и гасот. Истоа така, само 12% од капиталните инвестици на овие компании во 2022 година, биле насочени кон нискојаглеродни технологии.

bigoil2

InfluenceMap открива дека ниту една компанија не ги ускладила своите активности со климатската политика во врска со целите на Парискиот договор. Спротивно на тоа, компаниите го задржале членството во глобалните индустриски здруженија кои се многу активни во блокирањето или разводнувањето на климатските политики.

bigoil3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top