Насловна / Вести / Петте најдолги тунели во Европа

Петте најдолги тунели во Европа

Доколку влезете во норвешкиот тунел Lærdal, ве очекува возење од 24,51 километри. Овој тунел воедно е и најдолгиот патен тунел во светот.

Ова се петте најдолги тунели во Европа:

Тунелот Lærdal

Norway

Ги поврзува регионите Lærdal и Aurland во Норвешка и се наоѓа на околу 200 километри од Берген. Работите започнале во 1995 година, а тунелот е завршен во 2000 година. Вкупната цена на работите била околу 113 милиони долари.

Во тунелот има 15 локации за вртење камиони или автобуси. Воздухот се вентилира и прочистува. За прочистување е задолжен погон што ја усисува прашината и јаглеродот од тунелот. Од едниот и од другиот влез се внесува свеж воздух.

Тунелот Gotthard

Gotthard

Дел е од комплекс од три тунели и е единствениот патен тунел. Завршен е во 1980 година и е долг 16,9 километри. Ги поврзува кантоните Ури и Тицино во Швајцарија. За да се помине потребни се околу 13 минути, а максималната дозволена брзина е 80 km/h. Тунелот има по една коловозна лента во секоја насока, а дневно низ него поминуваат 17.000 возила. Во тунелот гужвите се чести поради густиот сообраќај. Во подготвка е големо реновирање и дупчење и уредување на втората цевка. Проектот треба да трае до 2027 година и неговата цена е околу 2,7 милијарди франци.

Тунелот Arlberg

Arlbergtunnel

Се протега 13,98 километри и ги поврзува австрискиот Tyrol и Vorarlberg. Граден е од 1974 до 1978 година, а неговата цена тогаш изнесувала околу четири милијарди шилинзи (300 милиони евра). Цената на патарината е 11 евра. Опремен е со четири центри за вентилација, 43 камери за надзор на сообраќајот и 16 излезни ниши.

Тунелот Fréjus

фрејус

Се наоѓа во северниот дел на Алпите, ги поврзува Франција и Италија (Modane-Bardonecchia). Долг е 12,89 километри, а отворен е во 1980 година. Денес би чинел околу 700 милиони евра. Се вози со 70 km/h, а задолжителното растојание меѓу возилата е 150 метри. Втората цевка требаше да биде пуштена во сообраќај во 2021 година.

Тунелот Mont Blanc

мон

Ги поврзува Италија и Франција (Долината Aosta и Haute-Savoie). Завршен е во 1965 година и е долг 11,6 километри. Тој е еден од главните правци низ Алпите, особено за Италијанците. Го скратува патувањето до Торино за 50 километри, а до Милано за 100 километри. За жал, познат е и по несреќата во 1999 година, кога во пожар загинаа 39 лица.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top