Насловна / Арт и дизајн / Петте најдобри парчиња мебел на Млади балкански дизајнери

Петте најдобри парчиња мебел на Млади балкански дизајнери

Како финале на првиот круг на специјалното издание на натпреварот на регионалната платформа Young Balkan Designers, кој во септември оваа година го промовираше Културното здружение Миксер со поддршка на NUNC, производител на мебел од Хрватска, во салата на Шумарскиот факултет во Белград во среда, на 11. октомври, беше отворена изложбата „Млади балкански дизајнери: Овде и сега“. Порта 3 во септември го објави повикот за пријавување на натпреварот, на кој за жал не се пријави ниту еден кандидат од Македонија.

7

Како што е соопштено од Миксер, на конкурсот се поднесени повеќе од сто иновативни, одржливи, флексибилни решенија за простори каде световите на домување, работа, игра и интеракција се повеќе се преклопуваат и динамично се менуваат, а меѓународното жири избра 60 проекти од 14 земји, кои добија шанса да соработуваат со стопанството.

Експертскиот тим на компанијата NUNC избра пет проекти меѓу изложените дела кои ќе ги развијат во производи во наредните месеци и најуспешните од нив ќе ги претстават на Меѓународниот саем за мебел во Милано во април 2024 година како дел од нивната редовна производствена програма.

ПЕТ ПРОЕКТИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА МИЛАНО

3М – Дуња Ковачевиќ од Србија

1

КОКУН – Амина Пилав од Босна и Херцеговина

3

FLIP – Берин Спахиќ од Босна и Херцеговина

4

KOZLIK – Екатерина Вагурина од Русија

5

PINNA – Дора Вучемиловиќ од Хрватска

6

Вонинституционална поддршка за млади таленти

Покрај голем број млади таленти, на отворањето присуствуваа и истакнати претставници од струката, но и од бизнисот и дипломатијата, кои имаа можност да го видат целосниот потенцијал на младата креативна сцена.

„Овој единствен пример на соработка помеѓу креативниот, образовниот и економскиот сектор во регионот го надополнува недостатокот од институционална поддршка за младите таленти за дообука и вработување во секторот, но во исто време значително придонесува за регионалната размена на млади професионалците и нивната видливост на меѓународната сцена“ – соопштуваат од здружението Миксер.

2

Изложбата е отворена до 18. октомври

Изложбата е отворена до 18. октомври 2023 година во главниот хол на Шумарскиот факултет во Белград.

Списокот на сите 60 проекти избрани од меѓународното стручно жири можете да го погледнете тука.

Испрати коментар

Scroll To Top