Насловна / Вести / „Пентагон“ експериментира со вештачка интелигенција која ќе може да ги предвиди настаните

„Пентагон“ експериментира со вештачка интелигенција која ќе може да ги предвиди настаните

Американската војска тестира експериментална мрежа на вештачка интелигенција, која ќе може да ги предвиди важните настани, и тоа неколку дена пред да се случат. Серијата тестови кои ги спроведува американската војска се нарекува „Глобален експеримент на доминација на информациите  (Global Information Dominance Experiments – GIDE) и се заснова на програмата на вештачката интелигенција која комбинира голем број на извори, вклучувајќи сателитски снимки, разузнавачки извештаи, податоци од теренот, радарски снимки и др. Многу значајно место во овој проект, претставува сместувањето на податоците во cloud, кој обезбедува ефикасна обработка на голем број податоци и нивна достапност на агенциите и официјалните лица кога ќе им затребаат. Намерата е однапред да се предвидат потезите на другата страна со помош на машинско учење, што ќе овозможи планирање на соодветни мерки за заштита. Разбирливо, САД не откриваат премногу детали за тоа како точно функционираат овие системи, но крајниот резултат е обработка на многу податоци за кратко време и креирање на образци за донесусвање одлуки. Третата фаза тестови е неодамна завршена, а четвртата веќе се планира. Иако во овој момент екпериментите некому можеби му звучат како филмот на Спилберг Minority Report, каде криминалците се апсат пред да се изврши кривичното дело, официјалните лица на „Пентагон“ ова го претставуваат како алатка за предвидување на идното однесување врз база на стекнатите искуства.

US Pentagon at sunset

pentagon2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top